Законот за бугарските здруженија од понеделник во Собранието

Во понеделник во Собранието ќе биде поднесен предлог закон за регистрирање на здруженија и фондации од страна на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе се отвори простор да се стави крај на провокациите со ставање неприфатливи имиња на наводно културните клубови, што преставниците на бугарското малцинство ги отвораат во државата на неделна основа.
Според најавите, построи расположение во СДСМ да се поддржи предлогот на опозициската партија со што ќе се премости периодот до усвојувањето на законот што го подготвува Министерството за правда, а кој ќе ги вклучи и договорените одредби од овој што ќе влезе веднаш во процедура.
Според официјални најави, до крајот на месецот на ЕНЕР системот ќе се најде и законот за регистрација на здруженија што го подготвува Министерството, а во кој ќе има и други промени.
Вицепремиерот Бојан Маричиќ денес пред новинарите оцени дека не очекува овие законски измени да ги загрозат било чии суштински права за здружување.Според Маричиќ, и здруженијата имаат јавна фунцкија и јавна улога, а стандард секаде во Европа е нивните називи и дејствувања да не бидат спротивни на вредностите на општеството.
„За нас е важно тој баланс да биде добро воспоставен, меѓу правото на слобода на здружување и јавната безбедност или јавниот ред и мир и тоа ќе биде работата и на институциите – и на Центреалниот регистар, и на судовите, за секој поединечен случај да се изјаснат, бидејќи законите важат за сите,. Секој случај ќе се разгледува поединечно и во секој случај аргументите за еветнуално укажување на називите треба да се разгледаат поединечно“, изјави Маричиќ.
Одговорајќи на новинарско прашање, тој напомена дека ако пратеничката група на СДСМ се изјаснила дека ќе ги поддржи измените, тоа само значи дека ги уважува свеста и чувството кај граѓаните дека е потребно законот во рамки на слободата на здружување да има определни рамки, меѓународно признаени и утврдени, кои ги има и во другите држави, за ограничување на слободата на здружување.
-Тоа подразбира контрола или ревизија на називите на некои зруженија кои би можеле да влијаат на јавната безбедност, јавниот ред и мир и на вредностие кои ги почитува нашето општеството – и антифашизмот, и демократијата и слободата, подвлече Маричиќ.
Според него, Законот е донесен пред повеќе од една деценија и измените што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ не се единствените што треба да се направат. Поради тоа, Министерството за правда ќе продолжи со својата работа во овој сегмент.
„Мислам дека не се врзани двата процеса, немам таков впечаток. Мислам дека ќе продолжи работата на Министерството за правда зашто тоа не единствената измена што треба да се направи во Законот за здруженија и фондации. Тој Закон е донесен пред повеќе од десетина години и сигурно има работи кои треба да се допрецизираат, да се исправат“, рече Маричиќ.