Закерберг најави ревизија на правилата на „Фејсбук“

NEW YORK, NY - OCTOBER 25: Facebook CEO Mark Zuckerberg speaks about the new Facebook News feature at the Paley Center For Media on October 25, 2019 in New York City. Facebook News, which will appear in a new dedicated section on the Facebook app, will offer stories from a mix of publications, including The New York Times, The Wall Street Journal and The Washington Post, as well as other digital-only outlets.(Photo by Drew Angerer/Getty Images)

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг изјави дека ги ревидира правилата за содржината на оваа социјална мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе, поради пост на американскиот претседател Доналд Трамп во кој им се заканува на демонстрантите против полициско насилство врз расна основа.

Тој најави дека „Фејсбук“ се обидува да ја подобри политиката за содржини на социјалните мрежи.

– Знам дека многумина од вас мислат дека минатата недела требаше на некој начин да ги означиме постовите на претседателот, напиша Закерберг во пост, осврнувајќи се на неговата претходна одлука да не се отстрани пост на Трамп, кој содржи фраза „кога ќе започне грабежот, почнува и пукањето“.