Заканите за бомби во Бјелина, евакуирани судовите и градската администрација
Во зградата во која се сместени Основниот и Окружниот суд во Бијелина, Босна и Херцеговина, како и во Градската управа денеска е добиена анонимна дојава за бомба.
Пријавата дошла околу 11 часот, а веднаш по пријавата на терен излегле припадници на полициската управа во Бијелина.
Вработените во овие институции се евакуирани, а во тек е и антисубверзивна инспекција, јави РТРС.