Зајберт: Германија ќе ја продолжи координацијата со САД околу Западен Балкан


Германија сака да продолжи со координацијата со своите американски партнери во поглед на политиката кон Западен Балкан, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт,  по именувањето на Риџард Гренел за специјален пратеник на САД за преговорите помеѓу Белград-Приштина.

– Тоа ќе го правиме и сега кога Гренел е специјален пратеник, рече тој на прес-конференција.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го назначи Ричард Гренел, сегашниот американски амбасадор во Германија, за специјален претседателски претставник за преговорите помеѓу Белград и Приштина.