Захариева предложила Акциски план за спорот со Македонија


Владо Бучковски и Екатерина Захариева за време на вчерашната средба во Софија (Фото: МНР на Бугарија)
 
 
Македонското МНР, во соопштението за посетата на Бучковски на Софија, нагласи дека „при крајот на годината е доставен акциски план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година, за што, во разговор меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Екатерина Захариева, беше договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози“.
 
Дали овој бугарски акциски план е одговор на македонскиот акциски план за кој соопшти нашето МНР уште не е јасно како и тоа дали во наредниот период ќе треба усогласување меѓу двата предлози.
 
Претходно, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 рече дека не постои никаков Анекс со 12 точки, за кој зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.
 
„Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов“, рече Османи. Ваков анекс во јавноста спомена Каракачанов, кој рече дека ако го потпише, Северна Македонија има шанси да добие датум за преговори во јануари или февруари. МНР порача дека има континуирана размена на мислења и на идеи, а последниот споделен предлог е Акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство, за кој денес очигледно свои предлози дала и Софија.