Захариева: Не сме среќни што му кажавме не на Скопје


Бугарија не е задоволна од фактот дека мораше да каже „не“ за почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската унија, рече министерката  за надворешни работи Екатерина Захариева во „Контраинтервју“.
Таа за проблемите меѓу Софија и Скопје ги обвини Македонците бидејќи според неа не го исполнуваат Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година.
Според неа, Скопје продолжува да користи говор на омраза против нашата земја.

„ Триесет години по промените, тие едуцираат генерација по генерација со омраза кон Бугарија. Не сме среќни сме со фактот дека моравме да кажеме „не“, но тие продолжуваат да го нарекуваат само нашиот народ „фашисти“ во учебниците. Да, Бугарија беше сојузник на Германија, но бугарскиот народ ги спаси своите Евреи “, рече Захариева.

Захариева прокоментира дека двете земји работат на решавање на проблемите, но во Бугарија „не можат  да затворат очи пред фалсификување на историјата и говорот на омразата “.

На прашањето зошто Бугарија исто така не ја развива инфраструктурата со Македонија долж Коридорот 8, Захариева рече:

„Пругата е донесена до границата, не можам да завршам нешто што не завршува во ништо “.