Загрижувачка е состојбата во Хрватска со корона вирусот, денеска неофицијално 4.000 новозаразени


Нови податоци во врска со пандемијата се објавуваат во Хрватска, а бројките се драматични.

Имено, како што неофицијално објавуваат хрватските медиуми, денеска имаат повеќе од 4.400 нови случаи со корона вирус.

По 10 часот се очекува Националниот кризен штаб да излезе со официјалната статистика.

Вчера во оваа змеја имаше 3.360 нови случаи, а починаа 30 пациенти, додека уделот на позитивни од тестираните беше речиси 31 отсто.

Бројот на активни во Хрватска вчера изнесуваше вкупно 17.944. Од нив во болница се лекуваат 1.170 пациенти, а 139 се на респиратор.