Загрижени за егзистенцијата: Уметници наспроти вештачка интелигенција


Над 10.000 професионалци од светот на уметноста, музиката, филмот, театарот поддржаа петиција која сака да ги спречи компаниите да ги користат авторските дела на уметниците за да обучуваат модели со вештачка интелигенција.

Меѓу потписниците на петицијата се Казуо Ишингуро, Кејт Мос, Макс Ричер, Кевин Бејкон, Росарио Досон, меѓу другите. Ним им се придружија Том Јорк и Џулијан Мур.

Основачот на невладината организација „Fairly Trained“ и еден од потписниците на петицијата, Ед Њутон-Рекс, изјави дека постојат три ресурси кои компаниите за вештачка интелигенција ги користат за да креираат модели на вештачка интелигенција – и тоа луѓе, компјутери и податоци. Како клучен проблем наведе дека вештачката интелигенција и компаниите немаат контакт со етиката и етичките норми.

Тој конкретно се спротивставува на неправедната употреба на податоците од компаниите со вештачка интелигенција, бидејќи тоа ја девалвира човечката работа, пишувањето, уметноста и музиката.

Исто така, група автори во САД, вклучувајќи ги Џон Гришам, Џоди Пику и Џорџ Р.Р. Мартин се дел од групата автори кои го тужат OpenAI за наводно прекршување на авторските права. Некои уметници започнаа тужби против компаниите кои стојат зад генерацијата на фотографии, додека големите издавачки куќи како Sony Music, Universal Music Group ги тужат креаторите на музика со вештачка интелигенција Suno и Udio.

Покрај споменатите лица, оваа петиција ја потпишаа и организации и компании од креативната индустрија, каде што се издвојуваат Американската федерација на музичари, Американската унија на актери „САГ-АФТРА“, Европскиот совет на писатели и Universal Music Group .