Загреб од утрово втор најзагаден град на светот


 

Загреб, главниот град во Хрватска, беше втор на скалата на градови со најзагаден воздух во светот, објави швајцарскиот портал IQAir кој ги објавува податоците за квалитет на воздухот ширум светот.

Воздухот во Загреб се смета за нездрав за сите старосни групи, објавија.

Позагаден од Делхи

Во моментот индексот на квалитет на воздухот AQI во Загреб изнесува 179, што значи дека воздухот во Загреб е нездрав за осетливите групи луѓе. Концентрацијата на честички ПМ 2,5 е 11 пати повисока од оние кои ги препорачува Светската здравствена организација.

Загреб на скалата најзагадени градови на светот во 9.40 часот се наоѓаше на второ место, по Лахоре. Зад него се Делхи и Мумбаи.

На осетливите групи им се препорачуваат маски

IQAir им препорачува на граѓаните на Загреб на отворено е да носат маски.

На целокупната популација ѝ се препорачува избегнување на престој на отворено, затворање на прозорците и користење на филтер за воздух.

Страницата IQair светските градови ги рангира по индексот AQI (Индекс на квалитет на воздух) во реално време, што значи дека поредокот на градови се менува многу брзо.

Што е AQI?

AQI е „сумарен показател“ на загадување. При пресметката се користат повеќе показатели на квалитетот на воздухот (концентрација на загадувачките супстанци) и во зависност од износите на измерени концентрации на тој покажател се припишуваат одговарачки вредности. Колку што е вредноста на индексот поголема, квалитетот на воздухот е понеповолен.

Протоа треба да се знае дека квалитетот на воздух е добар ако AQI се движи од 0 до 50. Таков квалитет на воздухот се смета за задоволителен, а загадувањето на воздухот претставува мал или никаков ризик.

Умерен е од 51 до 100. Тој квалитет на воздух е прифатлив, но може да постои мала загриженост за здравјето на некои групи луѓе. Активните деца и постарите со проблеми во дишењето треба да го ограничат престојот надвор.

Кога AQI се движи од 101 до 150, воздухот се смета нездрав за осетливите групи.

А воздухот се смета за нездрав кога AQI се двиќи меѓу 151 и 200. На таков воздух сите може да почувствуваат здравствени проблеми, а осетливите групи особено.