Загина украински функционер кој гласаше на „референдумот“ за отцепување
Украинскиот функционер Олекси Журавко, поранешен заменик на Врховната Рада и руски колаборационист, загина во окупираниот јужноукраински град Херсон во утринскиот удар во хотелот во кој живеел, јавува УНИАН повикувајќи се на руски медиуми.
Нападот се случил околу 5:30 часо утровот, јавуваат руските медиуми. Украина официјално не го потврди нападот на хотелот во окупираниот Херсон.
Со хендикеп од раѓање, поранешниот пратеник Журавко беше член на проруската Партија на регионите на Виктор Јанукович и беше избран за народен пратеник во 2007-2012. По победата на револуцијата Евромајдан во 2014 година, тој избега во Русија, но во 2022 година се врати во Керсон и почна да соработува со руските окупаторски сили.
На 23 септември, Журавко се појави во руската пропагандна снимка на која се гледа како во празното „избирачко“ место „гласа“ на рускиот квази референдум за отцепување на регионот.
Претходно, на 29 август, друг квислиншки функционер, поранешниот пратеник Олексеј Ковалиов (од партијата Слуга на народот), беше убиен во окупираната Хола Пристан, Херсонската област.