Заев уште не ги знае деталите за уапсениот дипломат


Не можеме никого да прогласиме виновен додека не се докаже вината. Но секој што го прекрпил законот треба да одговара, изјави денеска премиерот Зоран Заев за случајот на уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски во Србија каде е во екстрадициски притвор по барање на Ерменија. Тој рече дека сѐ што државата ќе добие како информација, а ќе може да биде споделена со јавноста, власта ќе ја сподели. 

„Штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држава веќе издала правен акт, тоа е Ерменија. Во делот на меѓународната правна помош и на меѓународната регулатива наше е прво да го видиме предметот и да ги видиме доказите. Она што го знам е од медиумите, затоа што ние добиено предмет, немаме правно толкување кои членови од законот во таа земја се прекршени. Да оставиме да видиме за што навистина се работи“, рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Бидејќи се работи за наш граѓанин државата мора да стои зад него сѐ додека некој не ни достави материјали дека направил кривично дело спротивно на законите во тие држави каде што бил. „Тоа што го знам е дека овој човек, дипломат бил многу активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и на Антонио Милошоски и на Никола Попоски. Бил испраќан во мисии. Тие се вработени луѓе во МНР“, рече премиерот Заев.