Заев: Спроведувањетo на Договорот ќе ги зближи Македонија и Бугарија


Во интерес и на Скопје и на Софија е целосно да се спроведе Договорот за пријателство и да се надминат недоразбирањата, а Северна Македонија и целиот регион да бидат дел од ЕУ. Наследивме ситуација која не беше во прилог на пријателството меѓу Македонците и Бугарите. Најлесно е ситуацијата да се остави така или да се влоши, но треба да бидеме храбри и да ги подобриме работите. Тврдам дека двата народа се многу блиски и го сакаат најдоброто едни за други, вели премиерот Зоран Заев во интервју за БГНЕС.

„Ние сме целосно подготвени да ги исполниме нашите обврски, а Бугарија се обврза да ги исполни своите. Само спроведувањето на Договорот е начин да се изгради уште поголемо пријателство и соработка меѓу двете земји“, изјави Заев

Факт е, вели, дека ние сме Македонци и збруваме македонски јазик и тоа е право на самоопредлување, а Бугарија како прва земја што ја призна нашата независност, признавајќи го суверенитетот и државата, го призна и нашето право на самоопределување.

„Значи, тука нема сомнеж – дека сме Македонци и зборуваме македонски, тоа е факт. На крајот на краиштата, тоа е чувство, правилно е. Секој може да се дефинира како што сака, како што се чувствува, итн. Вие знаете дека имаме многу националности, освен Македонците – Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Роми, имаме и Бугари кои живеат во земјата. Тие се наши граѓани и се добар мост за соработка меѓу двете земји и верувам дека во иднина она што треба да го разјасниме пред сè е тој историски момент, но низ призмата на пријателството. Бугарија многу често нагласува дека ја препознава реалноста дека Македонците и македонскиот јазик постојат“, истакнува Заев.

За отворените историски прашања, смета дека можат да бидат надминати, пред сѐ од историчарите.

„Историјата може да биде добар мост за пријателство и соработка. Се надевам дека целиот овој процес ќе заврши успешно и што е можно побрзо, за да може сè да се отвори до крај и да се види дека Бугарија е голем пријател на Македонија. Отсекогаш била и сега е. Дефиниравме заедничка прослава за историски личности од средниот век, за Цар Самоил,  Кирил и Методиј, Климент и Наум, имаме записници. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, а таа мора да не обединува. И во Северна Македонија и во Бугарија, тоа влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Зашто тоа не е така – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател. Имало некогаш некоја администрација, во тој момент, на почетокот, a после тоа Бугарија се дига заедно со антифашизмот, се бори за слободата, за демократијата, и апсолутно е дел од антифашистичкиот фронт“, вели Заев.

Вели дека минатото оставило многу неправди во Македонија за време на поранешна Југославија и за време на комунизмот.

За заедничката историја и за Гоце Делчев, тој смета дека не треба да ги дели туку да ги обединуваат граѓаните на двете земји – Бугарите и Македонците. „Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел и за слободата на Македонија, и за Одринско и за сè. И тоа е апсолутна реалност“, вели Заев.

На бугарските заблешки за наводни претензии од Скопје во контекст на скратеното име Северна Македонија и за малцинство во Бугарија, Заев нагласува дека „не само што немаме територијални претензии, туку немаме ниту малцински претензии“.

Во интервјуто тој посочува дека за време на претседавањето на Бугарија со ЕУ, премиерот Борисов и целата бугарска влада покажале големо европско лидерство на Балканот и смета дека тоа мора да остане така.

За однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во однос на релациите со Бугарија, Заев рече дека тие едно зборуваат кога се надвор, а друго дома дома, тоа го правеле кога беа на власт, а го прават и сега како опозиција.

На прашањето да ја коментира изјавата на претседателот Стево пендаровски дека бугарската политика нема излезено од матрицата на Тодор Живков, Заев одговори дека шефот на државата не бил толку искусен политичар како него.

„Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, одговори Заев.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ е истото од времето кога беше потпишан на првиот договор со Бугарија во 1999 година, Заев кажа дека партијата е целосно промената.

„И дел од ‘длабоката држава’, за која зборуваше Љупчо Георгиевски, остана тука. Тоа не е патриотизам и не е европско однесување. Зашто многу е лесно да се скараш со некого. Треба да бидеш јунак и да направи пријателство со некој, а македонскиот и бугарскиот народ се со предиспозиции да бидат најдобри пријатели“, изјави премиерот Зоран Заев за БГНЕС.