Заев: Насер Зибери не може да ѝ помогне на ДУИ за 20 дена


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва ги спушти очекувањата на ДУИ, откако таа го предложи поранешниот пратеник и министер, Насер Зибери, за кандидат на Албанците за премиер.

„Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување четири години во опозиција за да може да се реформира да биде добра партија. Верувам дека ова е само политика и политиканство, затоа што мандатот го даваат граѓаните. Тие бираат личност, кадар посветен, што тоа го докажал досега и верувам дека на 15 јули граѓаните преку својот глас ќе определат кој ќе биде идниот премиер на македонската Влада“, рече Заев.