Заев: Moжната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ја гледам како предност


Премиерот Зоран Заев вели дека легитимно право е на опозицијата како и со кого ќе коалицира, но најавената можна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса на Албанците и Алтерантива ја гледа како предност за СДСМ.

– Немам коментар затоа што сум предводник на позицијата, односно владеачкото мнозинството, а од другата страна е опозицијата и нивно легитимно право како ќе се постават. Јас во тоа гледам интерес за поголемо внимание и фокус на граѓаните кон нашите политики. Тоа е така заради изминатото поставување на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на политиките кон граѓаните. Оттука ќе извлечете заклучок зошто мислам дека ќе добиваме уште поголема поддршка во периодот што претстои, рече Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за буџетот за 2021 година.