Заев – Фанон: Интегрирањето во енергетските проекти отвора можности за инвестиции
Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, Северна Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години.
Ова го истакна премерот Заев по денешната средба во Скопје со помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон, а која е континуитет на средбите што премиерот заедно со делегација од земјава ја имаше пред две недели во Грција за време на конференција на која присуствуаше и американскот државен секретар Мајк Помпео.
– За време на посетата во Атина добивме поддршка од конзорциумот Гастрејд за вклучување во изградба на терминалот за течен приорден гас во близина на Александропулос. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес, рече Заев.
Според премиерот ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.
На средбата, како што соопшти, е разговано и за повторно ставање во функција гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година и кој не е во функција од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капацитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати и на тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот.
Како што потенцира премиерот овие проекти на нашата земја ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, незавсност и конкурентни цени што е во согласност со нашата дологороча енергетска стратегија.
– Ова повзување со Грција со поддршка од САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години. Од земја што беше ставена на последниот, изолиран и маргинален енергетскит колосек и која беше ставеа во ситација да биде зависна од само еден коридор, сега е интегрирана во енергеските проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, рече премиерот.
Тој додаде дека отвораме нова ера на соработка со нашите партнери САД и другите земји членки на НАТО, во регионот Грција, Бугарија и Албанија, но и перспективи и за инвестиции на компании од областа на енергетиката.
Премиерот Заев соопшти дека изградбата на интерконекторот меѓу Северна Македонија и Грција чини 54,4 милиони евра, каде маме 13 милиои грант од ЕУ преку Берлински процес, што опфаќа проектирање, изведба надзор, инспекциското тело и менаџментот.
– Она што го гледаме овде е навистина трансформативно. Го гледаме развојот на еден нов енергетски развој. Грција е еден вид предводник во тоа со инфрастукра за прием на овие ресурси, но гледаме натаму со приклучоци на помали земји во еден поголем пазар што ќе овозможи трансформативен економски прогрес на земјата и целиот регион, истакна Фанон.
Тој оцени дека Северна Македонија во овој проект е важна во однос на географијата како регионален центар и додаде дека ќе ги поттикнат американските инвестиции овде во Северна Македонија.
– Геополитичите импликации се значителни, затоа што во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога било која било дражва е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој државата може да ги реализира своите политики. САД има долгорочен интерес за безбедноста на енергетиката во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на енергија и се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Ако имате само еден извор немате пазар, туку зависност, истакна Фанон.