Задолжителен ПЦР-тест за патниците од Косово кои поминуваат низ Македонија


Фото: Б. Грданоски

Сите патници, државјани на Косово кои поминуваат низ нашата држава, треба задолжително да приложат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа. Оваа одлука денеска ја донесе Владата на својата 82-ра седница.

– На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, соопшти владината прес-служба.

Косоварите, заразени или не, транзитираат слободно низ Македонија