Задолжителен карантин за македонските државјани по влез во Хрватска


Хрватска донесе одлука за 14 дневен карантин за македонски државјани кои ќе влезат во нивната држава. Ова се должи на високата бројка која ја имаме секојдневно.

Сите што ќе влезат од овие земји ќе мора да поминат 14 дена во изолација. Обврската не се однесува за транзит низ земјата.

Во државава пак, почнувајќи од 26 јуни се укинуваат задолжението за приложување на негативен ПЦР тест и самоизолација од 14 дена при влез во Македонија.

Владата на седница веќе олабави и други мерки. Дозволи организиран превоз во Полошкиот регион. Се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово-Ростуше и град Скопје, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

-Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата донесе oдлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.