Забранети посети на Света Гора
Света Гора – Администрацијата на Света Гора одлучи до крајот на месецот да ја затвори монашката манастирска заедница во Грција за сите аџии во обид да ги заштити монасите од коронавирусот.
Во соопштението до игумените на 20 манастири се наведува дека само одреден број вработени и соработници имаат дозвола да доаѓаат на Света Гора, и тоа само со покана.
Забраната за посетители ќе остане на сила до 30 ноември, кога повторно ќе се разгледа одлуката.
На монасите ќе им биде дозволено да ја напуштат Света Гора со посебна дозвола.