Забрана за камиони на патот Охрид – Ресен
АМСМ соопшти дека магистралниот пат А3, Ресен – Охрид од 17:15 часот има забрана за движење на влекачи со полуприколка и камиони со приклучни возила.
Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.