За Задушница изменет сообраќаен режим

Возилата кои ќе се движат кон гробиштата Бутел, ќе бидат упатувани по улицата „Александар Урдаревски” кон локалниот пат за селото Мирковци до влезот на гробиштата на улицата„Боца Иванова”, а ќе излегуваат повторно на улицата „Александар Урдаревски”.
Пренасочување на сообраќајот по потреба ќе биде воведен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници.