За ВМРО-ДПМНЕ просечната плата од 500 евра била вештачка


Димче Арсовски

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека просечната плата од 500 евра била направена на вештачки начин и дека СДСМ ја донесол државата до двоцифрена инфлација, којашто е една од највисоките во регионот. „Малку кој веруваше дека за една година цените на основните животни потреби на граѓаните ќе се зголемат од 30 до 100 проценти. Тоа е вистинскиот одговор на Ковачевски“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар за изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека до исполниле ветувањето за 500 евра просечна плата во Македонија.

Според него, стандардот на граѓаните е уништен, економијата е разурната. Платите ја изгубиле вредноста која што ја имале претходно и „тоа благодарение на СДСМ“, рече Арсовски.