За Виктор Димовски и 13 нови амбасадори ќе се решава во понеделник

Шефот на дипломатијата Бујар Османи најави денес дека одлуката дали поранешниот шеф на Агенцијата за национална безбедност ќе замине како амбасадор во Париз или не ќе се донесе на почетокот на идната недела, т.е. на 9 јануари.
На средбата со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, Димовски сепак нема да биде единствена тема, туку ќе се прави пазар и за други 13 амбасадорски места што ќе бидат испразнети наскоро. Османи не наброја за кои дестинации станува збор.