За сите оние кои годинава ќе одат во Грција: Ова се казните за сообраќајни прекршоци


За сите оние кои годинава ќе одат во Грција, казните за прекршоци во сообраќајот се следните:

– Возење под дејство на алкохол: 78 до 1.200 евра, зависно од количеството/промилите

– Брзо возење (до 20 км/ч над дозволеното): 100 евра

– Црвено светло и претекнување на полна линија: 700 евра

– Возење без појас: 350 евра

– Неправилно паркирање: 40–80 евра

– Користење мобилен телефон при возење: 100 евра

– Пушење во возило со дете под 12 години: 1.500 евра и одземање возачка дозвола

За разлика од порано, во Грција повеќе не постои можност да ја платите казната во половина износ во рок од 10 дена, пишува Никана, а пренесе плусинфо.мк. И не се надевајте дека ќе поминете неказнети – ако информацијата уште не стигнала до граничниот премин, тоа не значи дека сте „чисти“.

„Казната може да не ви биде пратена дома, но ќе ве чека при следен влез во земјата. Ако не е застарена, мора да ја платите. Постојат регистри во рамките на ЕУ и можно е да бидете казнети во која било земја“, пишува Никана.

Грција од 1 април воведен ново правило за тивки часови во летната сезона, со што попладневниот мир е од 15 до 17:30 часот, додека ноќниот е од 23 часот до 7 наутро. Правилото за тивки часови ќе трае до 30 септември.