За секој нов сој – нова вакцина


Фото: Б. Грданоски

 

Во тек е трка меѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на корона вирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриваат научници кои се занимаваат со оваа проблематика. Тие најавуваат дека науката за секој сој на корона ќе има унапредена вакцина и велат дека светот не мора да се грижи.

Меѓутоа, стручњаците предупредуваат дека се уште не е време за опуштање и дека вирусот и понатаму мутира, а претраното опуштање може да доведе до проблем.

Вакцините се помалку ефикасни за некои нови варијанти, а што повеќе се шири вирусот, толку повеќе мутации ќе има, односно, вакцините ќе бидат се помалку ефикасни, пренесува „Блиц“. Досега ефикасноста на вакцините беше проучувана во маки групи во лабораториски услови, а како што почна масовната вакцинација, ефикасноста се проучува во реалниот свет.

Вакцините ефикасни, спречуваат смртност

Вакцината „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“ се повеќе од 90 отсто ефикасни во превенцијата на какво и да е заразување, со или без симптоми, соопштија од Центарот за контрола и превенција на болести ЦДЦ, од каде работеа на студија на здравствените работници. Утврдено е дека овие вакцини се до 80 отсто ефикасни по смао една доза.

Друга студија на ЦДЦ спроведена во старечки домови покажа дека вакцините спречуваат сериозна болест и смрт кај најранливата популација. Постарите од 65 години се и најтешко погодени од Ковид во САД, односно прават 80 отсто од заболените.

Повеќе од половината од постарата популација досега примија барем една доза вакцина, а бројот на починати и хоспитализирани се намалува.

„И тоа е добра вест во врска со ефикасноста на вакцините“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.

Но, истовремено расте бројот на хоспитализирани под 50 години, додава таа.

Уморот од пандемијата, поубавото време и попушатењето на мерките доведоа до пораст на бројот заразени.

„Загрижени сме затоа што не делува дека правиме онака како што треба за да го контролираме вирусот“, вели епидемиологот Џефри Шаман од Универзитетот Колумбија.

Борба со мутациите

Некои стручњаци стравуваат дека почнува четвртиот бран зараза кој носи нови, позаразни соеви на вирусот. Иако не се предвидува така масовно заразување во САД какво што имаше до сега, „има назнаки дека успорува падот на бројот заразени и дека е достигнат врвот“, вели Мајкл Ли од Универзитетот МИТ.

Мутацијата која се појави цо Јужноафриканската Република досега најмногу загрижува, затоа што му овозможува на вирусот пожестоко да го нападне имуниот систем откаколку неговата основна верзија.

Се покажа дека вакцината „ЏОнсон и Џонсон“ е 57 отсто ефикасна во спречување на тој сој во ЈАР, а 72 отсто се ефикасни во САД каде тој сој не е толку застапен.

Вакцината „АстраЗенека“ е ефикасна само 10 отсто во спречување на јужноафриканскиот сој.

Новиот сој регистриран во бразил, исто така се шири побрзо и се покажа дека со него може да се заразат и они кои веќе прележале корона вирус.

Сојот од Тназанија во себе ги содржи речиси сите досега познати варијанти.

Две нови варијанти регистрирани се во Калифорнија, а две во Њујорк, и во себе имаат муатации регистрирани во ЈАР и во Бразил.

„Ова е трка во наоружување Ќе направиме нови лекови, нови антитела нови варијанти вакцини ако вирусот продолжи да мутира„, вели Шаман, наведува „Блиц“.