За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

ЈСП информира дека за време на трите дена од продолжениот викенд (29.03.2025 година – 31.03.2025 година) , поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во сабота (29.03.2025 година) ќе работат со вообичаеното работно време.
Во недела (30.03.2025 година) дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар
Во понеделник (31.03.2025 година) дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар
– Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје)
– Ѓорче Петров
Работно време на Жичница
Жичницата на 29.03.2025 год. (сабота) и 30.03.2025 год. (недела) ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 31.03.2025 год. (понеделник) Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Жичницата од вторник (01.04.2025 год), ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.