За првороденото бебе штедна книшка со 20 илјади денари од Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе во новата година на кое му додели штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци.
Првото бебе во новата година се роди една минута по полноќ и тоа е прво дете на 22-годишната Стојанка Панајотова од кочанското село Соколарци.
– За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите, се наведува во соопштението од Град Скопје.