За празникот, нема да работат шалтерите за наплата на „Водовод“

По повод државниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, шалтерите за наплата, шалтерите за рекламација и операторите во Дирекцијата на претпријатието на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нема да работат.
Како што информираат од претријатието во понеделник, 13.10.2025 година, продолжуваат да работат со редовно работно време.