За пожарите ќе се информира електронски, преку социјални медиуми

Апел за внимателно однесување во природа, беше упатен денеска од организираната кампања за заштита на шуми од пожар и на отворени простори, од страна на Противпожарниот сојуз на Македонија, со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, ДЗС и Македонски шуми.
– Кампањата има за цел граѓаните преку делење на флаери да бидат едуцирани за заштита на од пожари во шумите. Значи како да се однесуваат, како да ги почитуваат превентивните мерки што се поставени на оние локалитети кадешто има големо присуство на граѓани. Во однос на Градот Скопје, ние сме задоволни. Нашите активности и кампањеи имаат голем придонес бидејќи немаше некои такви пожари и од минатите години. Немаме некои параметри да покажемне колку сме постигнале, но еден пожар да има помалку, нашиот успех е тука -велат од Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

– Ќе се насочиме кон електронско информирање на јавноста во Македонија преку пласирање информации преку социјалните медиуми и преку средствата за за јавно информирање. Најдобар начин за справување со пожарите е информирањето односно свесноста за дојава, за брза дојава доколку забележите пожар – велат од Противпожарниот сојуз на Македонија.

Противпожарниот сојуз на Македонија ќе формира тимови кои ќе бидат на располагање, заедно со Македонски шуми, кои ќе се борат против пожарите.
– Во најголем дел човечкиот фактор е причина за пожарите, а само во услови на екстремни температури над 40 степени може да дојде до самозапалување – појаснуваат од таму.

Сметаат дека Македонија нема доволно пожарникари. Треба да има повеќе луѓе, но и опрема, а апел се упати до сите надлежни институции за координирани акции при гасење пожар, а не поединечно дејствување.
Тие апелираа и да се внимава на излетничките места околу Скопје, Матка, Катланово, Чучер Сандево, каде летно време има зголемено присуствувана граѓани, да не се предизвикаат пожари од невнимание.