За осуда: Го загуби второто место во трката, а потоа ја нокаутира ривалката со штафетата

На една средношколска штафетна трка видовме сосема неверојатна ситуација во Соединетите Американски Држави.
За време на последната трка на 4×200 метри, младата Американка Келен Такер го истрчала вториот ининг за нејзината школа Бруквил, а на половина пат од нејзината трка ја престигнала натпреварувачката на Норком.
Студентката на Норком потоа направи потег кој наиде на осуда од американската спортска јавност – со сета сила ја удри ривалката на патеката со штафетата и со тоа го „врати“ второто место. На крајот, се разбира, нејзиното училиште беше дисквалификувано од трката.
Такер падна надвор од патеката, а во болницата ѝ бил дијагностициран потрес на мозокот.
U trenutku nemoći mlada američka sprinterica udarila rivalku štafetom po glavi pic.twitter.com/JtPZ2aIV5G
— Elvis Bunic (@kk_bosna) March 7, 2025
„Сѐ уште не можам да верувам што се случи, во шок сум. Најлошото е што никој не се извини, ниту таа, ниту нејзиниот тренер“, изјави Кејлен Такер, која се чувствува подобро и е пуштена од болница.