За Мицкоски текстот за уставните измени бил „тотално неразумен“

Никаква промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени нема, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако предлогот за нив Владата го испрати во Собранието. Тој најави дека ќе имаат координација во ВМРО-ДПМНЕ, но текстот на предлогот го оцени како „тотално неразумен“. Мицкоски за тоа денеска зборуваше за време на посетата на Сојузот на стопански комори.
„Ќе имаме координација како ВМРО-ДПМНЕ и на таа координација ќе го договориме нашиот став. Но она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став кој што е поврзан со овие уставни измени, уставни измени вакви какви што се под бугарски диктати на начин на кој што се доставуваат во парламентот не само што не се прифатливи, туку владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинираше текст за уставните измени кој не само што не е прифатлив, туку можам да кажам дека е тотално неразумен и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ“, рече тој. Во кој дел на преговарачката рамка, и во кој дел на протоколот е содржан овој текст на овие уставни измени“, рече Мицкоски.