За една недела ќе бидат средени 12 депонии во Бутел
Новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски преку својата официјална Фејсбук страница ја информираше јавноста дека од денеска почнуваат со отстранување на депонии во општината Бутел.
-Денеска почнавме со отстранување на депонии во Општина Бутел, лоциравме депонии на дванаесет локации, истите ќе бидат решени за помалку од една недела, порача тој.