Виктор Димовски не оди во Париз, Пајо Авировиќ нов амбасадор?

„Наназад два или можеби три месеци се водат политички консултации во рамки на Владата за 14 амбасадорски позиции, колку што јас знам. Кога ќе завршат консултациите министерот за надворешни работи доаѓа кај мене. Меѓу овие места е и позицијата во Париз“, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пендаровски истакна дека меѓу оние 14 испразнети амбасадорски места, освен Париз имаме многу значајни центри како Берлин, Лондон, Кина… Тоа е се уште предмет на консултации во Владата, повтори шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање дали Виктор Димовски ќе биде амабасадор во Париз по случувањата во АНБ.
Неофицијално сепак се дознава дека амбасадорските места се договорени и дека поранешниот директор на АНБ, Виктор Димовски, нема да биде амбасадор во Париз, а место него таму ќе замине Пајо Авировиќ, кадар на МНР.