За Алијансата на Албанците вработувањата во Тетовската болница се измама


Алијансата за Албанмците ја нарече најголемата измама во историјата наводното вработување на над стотина здравствени работници во Тетовската болница

„На министерот за здравство Азир Алиу му завршија лагите. Во последно време излегоа на виделина сите негови измами во врска со вработувањето на 155 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово. Иако доби негативен одговор од Фондот за здравствено осигурување, министерот Алиу ја продолжи политичката „драма“, изјавувајќи дека здравствените работници во Клиничката болница во Тетово ќе добијат решенија и „точка“.

Денеска го потсетуваме министерот дека поминаа речиси десет дена од одржувањето на тестирањето  на кое, покрај работниците кои чекаат со години, имаше и многу активисти на ВРЕДИ – и сите беа излажани на ист начин.

Законот за избори, член 8-а, точка 1, став 3, е јасен:Од денот на распишување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или да се прекине работниот однос во јавните институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен за итни и неопходни работи.Вработувањето на медицинскиот персонал – колку и да е важно – не се смета за итност во законска смисла, бидејќи постојниот персонал има важечки договори и не спаѓа во категоријата на неопходни работи. Дали можеби целта на министерот Алиу беше само политички маркетинг? Или тоа беше метод за користење на достоинството на медицинскиот персонал за изборна корист, ветувајќи им на сите дека ќе ги вработи по изборите?

Ова не е само неприфатливо, туку и политичка уцена, поигрувајќи се со придонесот,  стручноста и егзистенцијата на луѓето. Алијансата за Албанците ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, за да ги испита постапките на Азир Алиу и да спречи каков било обид за манипулација со медицинскиот персонал на Клиничката болница во Тетово. Исто така, бараме да се стави крај на партиските списоци, осигурувајќи работните места да им припаѓаат на мериторните работници, а не на партиските активисти.

Најверојатно, ова е најголемата лага и манипулација направена некогаш со здравствените работници и граѓаните воопшто, по измамата за вработувањето на 2.500 Албанци, што исто така се покажа како голема лага. Ги охрабруваме сите Албанци да не подлегнуваат на притисоците и измамите од оние кои веќе не вредат. Октомври е блиску и нивната шема за измама ќе потоне“, порачуваат од АА.