За 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани 65 пациенти, вкупно се лекуваат 703, само 60 слободни места


Фото: Б. Грданоски
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 703 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
 
Оттаму додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
 
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.
 
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 примени пациенти и четири биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а осум пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 10 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 43 оздравени пациенти.
 
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.
 
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.
 
-Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, информираат од ресорното министерство.