За 24 часа регистриани 219 земјотреси


Најмалку 130 станбени објекти се оштетени во силна сеизмичка активност во Ел Салвадор, покренати се лизгања на земјиштето, а повеќе луѓе се евакуирани во засолништа.

Како што е наведено во соопштението, евидентирани се 219 земјотреси од неделата попладне до понеделникот наутро, а најсилниот бил со јачина од 5,1 степен според Рихтер, на длабочина од девет километри, во општината Сан Лоренцо, пренесе Ројтерс.

Нема пријавени смртни случаи, но потресите оштетија куќи и предизвикале најмалку 20 лизгања на земјиште, што ги наведоа да прогласат црвено предупредување за градовите во епицентарот на сеизмичките активности. Екипите итни служби излегоа на лице место, каде во понеделникот се отстрануваа рушевините, а властите отвориле осум засолништа за вонредни ситуации во таа област, наведува Ројтерс.