За 16 години 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој во друга земја


– Податоците на европската статистичка агенција, Евростат, покажуваат дека стапката на иселување на албанските граѓани во земјите на Европската унија е забрзана во последните години и тоа се одразува на големиот број дозволи за престој што ги даваат земјите на ЕУ.

-Минатата година од земјите на ЕУ дозволи за престој по првпат добиле 79.200 албански државјани, што е за 4200 дозволи повеќе споредено со претходната година, кога биле издадени 75 илјади. Ова се највисоките нивоа од 2010 година, што укажува на забрзување на стапките на миграција по пандемијата со Ковид-19, објавија албанските медиуми.

Според Евростат во 2022 и 2023 година, за првпат ваков документ добиле вкупно 154 илјади, бидејќи голем дел од нив имале договори за работа, особено во земји како Германија, што услови издавањето дозволи да биде побрзо од порано, кога албанските граѓани влегуваа во земјите на ЕУ без документи.

-Од 2008 година, од кога Евростат ги објавува овие податоци, околу 920 илјади албански државјани за првпат добиле дозволи за престој. Главни дестинации и понатаму остануваат Грција и Италија, но во последните години има раст од нови дестинации како Велика Британија и Германија, наведуваат медиумите.

Како што претходно објавија медиумите, се зголемува и бојот на оние кои се откажуваат од албанско државјанство. Според албанското министерството за внатрешни работи минатата година од државјанство се откажале 900 граѓани што за 6 отсто повеќе споредено со претходната година.

Статистиката на МВР покажува дека во изминатите 10 години, од државјанството се откажале 6.500 додека, додека според Евростат за две децении дури 521 илјади албански граѓани.