Зa 15 месеци измамени 12 граѓани од Штип со брзи кредити
-Ве информираме дека во текот на минатата и изминативе месеци оваа година на подрачјето на СВР Штип дванаесет лица пријавиле дека се измамени за подигање на брзи кредити. СВР Штип до надлежното ОЈО во овој период има поднесено 5 кривични пријави и едно известување за сторени седум кривични дела поврзани со измами за добивање брзи кредити, од кои три кривични дела се расветлени, а за останатите се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сторителите на измами, вели во писмената изјава Панајотова.
СВР Штип апелира до граѓаните да бидат претпазливи, да внимаваат во комуникацијата со непознати лица и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават на бесплатните телефонски броеви 192 и 112.
Последен случај за измама за брз кредит е во Виница, каде што вработена во подрачната единица на ПИОМ на туѓо име успеала да подигне четири кредити, како и случајот со затвореници од штипскиот Затвор кои на име на охриѓанец зеле кредити во висинаа од 100.000денари.