За 1 мај ќе биде многу поветровито, но потопло


Фото: Б. Грданоски

За 1 мај, метереолозите прогнозираат многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а ќе биде  и потопло со повисоки температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, но ќе биде ветровито и покрај тоа што ќе биде топло, односно, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Сепак, во попладневните часови можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, но ова  и не би било нешто сериозно, што значи може да си го планирате празникот за на отворен простор  и за правење скара на отворено.

Температурите за 1 мај ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Но, од недела, 4 мај, се очекува дестабилизација и повторно дожд, грмотевици, а во некои случаи дури и град и лапавица.