Вулканот Етна не престанува да исфрла лава


 

Активноста на италијанскиот вулкан Етна е зголемена во текот на ноќта и најактивниот вуклан исфрла лава и густи облаци пепел.

До ерупција на вулканот дојде по новото активирање на југоисточниот кратер, а лавата која ја исфрла „го запали“ небото и потоа го исполни со густи облаци чад и пепел.

Видливоста од новонастанатата ситуација е намалена, но вулканолозите сепак направиле неколку фотографии со спектакуларната течна лава.

Оваа ерупција беше покуса, но посилна од онаа која се случи на 13 декември, а беше проследена со сеизмичка активност во траење од два часа.

Според прогнозите се очекува продолжување на активноста вонаредните денови и недели.