Вучиќ: Скопје направи се да ѝ се додвори на Германија


Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека Северна Македонија направила сѐ за да ѝ се додвори на Германија како најмоќна сила во ЕУ.

„Србија се наоѓа во нелесна ситуација и неедноставно окружување“, рече тој за телевизија Прва.

Вучиќ додаде дека на инаугурацијата на Стево Пендаровски замолил Северна Македонија да не се изјаснува за Косово и Метохија.

„Единствена работа што го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше, внимавајте, како бог ве молам, гледајте за тие теми (Косово и Метохија) да не зборувате“, рече Вучиќ.

„Тие секако направија сѐ спротивно од таа моја молба за да се истакнат во тоа додворување на Германците“, додаде Вучиќ.

Тој вели дека му е јасен ставот на Северна Македонија која ја призна независноста на Косово, но дека секогаш ќе опоменува дека територијата е дефинирана со резолуцијата 1244.

Претходно и министерот за одбрана Александар Вулин ја коментираше изјавата на Пендаровски во која вели дека не е за размена на територии меѓу Србија и Косово.

Вулин: Пендаровски нека молчи на јазикот кој никој не му го признава освен Србија