Вучиќ пред седум дена испратил писмо во Хаг со барање Младиќ да биде пуштен да почине во Србија


Пред една недела, српскиот претседател Александар Вучиќ испрати писмо до администрацијата на Хашкиот трибунал со барање за ослободување на Ратко Младиќ, за тој да може да ги помине последните денови во Србија. Вучиќ го упати ова пишано барање откако го добил неговиот лекарски извештај.

Според Вучиќ, пуштањето на Младиќ на лекување во Србија е прашање на хуманост, а не на правни пресуди. Кон средината на август 2026 година, одбраната на Ратко Младиќ исто така поднесе барање за негово условно предвремено ослободување од хуманитарни причини, откако медицинските наоди потврдија дека тој се наоѓа во последната фаза од животот. Сепак, Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг го отфрли ова барање.

Ратко Младиќ почина денеска на 84-годишна возраст во притворската единица во Шевенинген.