Вучиќ: Браќа Македонци, немаме нерешени билатерални проблеми!


Постои нешто што се гледа во односите меѓу Србија и Македонија. Браќа Македонци, ние немаме билатерални проблеми, решивме проблеми кои беа стари 50-60 години, истакна претседателот на Србија Александар Вучиќ на официјалното отворање на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид.

– Сакам да истакнам дека суштината на оваа иницијатива е да се формираат работни групи сега или на следионт состанок, кој сакам да биде во јужна Србија, со што би се активирале владите да се надминат проблемите на целиот регион, проблемите со енергетската криза, финансиската и културната легислатива. Денеска потпишуваме договори за работните дозволи, развој на туризмот, здравството, образованието – рече Вучиќ.

Според него, напредокот на регионот е суштината на иницијативата „Отворен Балкан“.

– Отворањето на преговорите со Европската Унијане зависи од нас, она што секогаш зависи од нас е како ќе живееме со соседите и пријателите – потенцираше српскиот претседател.

 Вучиќ наедно му се заблагодари на еврокомесарот Вархеји што изрази поддршката на иницијативата Отворен Балкан и  подвлече дека трите земји лидери покажаа дека немаат никакви нерешени билатерални  прашања освен да бидат пријатели и да соработуваат во полза на сите граѓани.