Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
Министерството за правда, во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, организира тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија. Настанот ќе се одржи од 10:30 до 14:30 часот, во салата на Апелационен суд Битола.
Воведно обраќање на настанот ќе има Ален Деребан, заменик министер за правда, по што ќе следува презентација на процесот на изработка на нацрт измените и дополнувањата на Законот за судски совет.
Целта на тркалезната маса е да се поттикне стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот, подготвени од работна група во рамки на Министерството за правда.
Ова е втора од неколкуте консултации кои Министерството планира да ги организира за да обезбеди транспарентен и инклузивен процес за унапредување на законската рамка за работењето на Судскиот совет.
Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот.