Втор концерт на Владо Јаневски „Златни години“ во Филхармонија


Поради распродадениот прв концерт на 16 ноември, „Авалон“ организира уште  една интимна средба со Владо Јаневски и неговите најголеми хитови во Филхармонија, на 25 ноември.

Влезниците ќе бидат во продажба од петок (22 септември) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Поради зафатениот распоред на Македонска филхармонија, голема е веројатноста вториот концерт да е и последен при проектот ,,Златни години – Најдоброто од Владо Јаневски”, велат од „Авалон“.

„Реално, македонската музика нема голем број на легенди, а уште помалку, ѕвезда која истовремено е и легенда и константно актуелна со нов материјал. Владо Јаневски тој статус го има заслужено поради навистина огромниот број на вечни хитови и евергрини, но и редуцираниот број на концерти со својот многуброен бенд. Богатиот музички каталог на Владо Јаневски никогаш не бил отсвирен во полн состав на бенд во интимно издание, па така, на наше задоволство, го убедивме дека е време за интимна средба со неговата публика оваа есен, на многу адекватен простор кога е во прашање неговата музика – Македонска Филхармонија, велат од „Авалон“.