Втор ден на ЕМОФ 2025, македонските спортисти ќе настапат во осум спортови


На Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје денес е вториот натпреварувачки ден. Македонските репрезентативци ќе учествуваат во осум спортови.

Први ќе настапат пливачите (9:30 часот) во Олимпискиот базен.

Од 10:30 часот Македонија свои претставници ќе има во стрелаштво (сала Наум Наумовски Борче – Партизан).

Во 11 часот Македонија ќе има учесници во бадминтон.

За 16 часот е закажан почетокот на натпреварите на на женските репрезентации во ракомет (СЦ Јане Сандански) и кошарка (сала Перо Наков во Куманово), машките селекции ќе имаат натпревари од 18:15 часот во СРЦ „Кале“ и салата во Куманово. 

Во „Ист Гејт Мол“ од 16:15 Македонија ќе настапи во Баскет 3Х3 во женска конкуренција, од 20:05 часот ќе игра машката репрезентација.

Одбојкарите и одбојкарките од 18 часот ќе ги стартуваат своите натпревари во малата и големата сала во СЦ „Борис Трајковски“.