Врие во Тбилиси, полицијата го растури шаторскиот камп на демонстрантите


Полицијата во Тбилиси рано утринава растури шаторски камп што демонстрантите го поставија на главната улица во знак на протест поради резултатите од парламентарните избори минатиот месец и бараат ново гласање.

По изборите одржани на 26 октомври партијата Грузиски сон остана на власт, но противниците тврдат дека гласањето било наместено. Таа партија блиска до Русија на тој начин обезбеди четврти мандат на власт.

Многу Грузијци ги сметаа изборите како референдум за обидот на земјата да се приклучи на Европската унија. Оттогаш се одржаа неколку големи протести.

Кога поставија шаторски камп, демонстрантите ветија дека ќе останат деноноќно барајќи нови парламентарни избори.

Кога полицијата почна да ги растерува, настана тепачка и неколку демонстранти беа приведени. Некои од демонстрантите носеа знамиња на Европската унија.

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабичвили ги отфрли официја