Врховниот суд ја потврди пресудата за „27 април“
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Македонија одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „27 април“.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп. Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК. бр.40/18 од 15.03.2019 година и на пресудата на Апелацискиот суд Скопје КОКЖ. бр.39/19 од 12.02.2021 година, ги одби како неосновани“, велат од Врховниот суд.