Време за Матка (фотогалерија)
Додека Скопје врие на температури близу 40 степени Целзиусови, Матка е најдоброто место за разладување.
Длабоката клисура исполнета со сино-зеленкаста вода нуди можност за скопјани слободно да дишат. Температурата на воздухот е за неколку степени пониска од центарот на градот, а секој што сака може да нурне во студените води.
Платформи за рекреација, педалинки, кајаци, кајаци кои можат да ве однесат подлабоко низ клисурата.
Патеката е полна луѓе, кои мирно шетаат по течението на Треска.
Во близина има и неколку црквички и манастири завиени во густите крошни на вековните дрвја кои нудат длабока ладовина.
Скопје е полупразно, па и за викендот може да не начекате голем метеж на Матка, а таа ги чека сите намерници кои сакаат да избегаат од врелиот, градски бетон.
Во продолжение погледнете ги фотографиите кои ги направи нашиот фотограф Борис Грданоски, кој Матка ја посети во петокот околу пладне.