Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде, променливо облачно претпладне, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должина на Повардарието.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во следните денови
Следува период на променливо облачно време. До вторник ќе се задржи стабилно и потопло. Од средината на следната седмица ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура.
