Времен сообраќаен режим на улица „Бихаќска“


Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре поради завршно асфалтирање на ул. „Бихаќска“, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата „Бихаќска’, и тоа на потегот од ул. „Востаничка“ до влезната капија на МВР.

Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.